Достапни линкови

Средба на Лавров и Кери за Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери ќе остварат средба во Виена на која ќе дискутираат за ситуацијата во Сирија. На средбата ќе се приклучат и министрите за надворешни работи на Турција и Саудиска Арабија. Сирискиот претседател Башар ал Асад пред три дена беше во изненадна посета на Москва. Вашингтон соопшти дека не е задоволен од начинот на кој бил дочекан Асад во рускиот главен град. Асад за прв пат од почетокот на кризата во Сирија во 2011 година посети странска земја. Руските власти пред три недели ја започнаа кампањата на воздушни напади против исламистичките милитанти и бунтовници во Сирија.

XS
SM
MD
LG