Достапни линкови

Сообраќајна несреќа во Франција, 42 жртви


Во судар на автобус и камион во близина на францускиот град Бордо загинаа 42 лица, а пет биле повредени. Несреќата се случила на 57 километри од Бордо, при што возилата по сударот се запалиле. Автобусот пренесувал 50 патници, а според локалните медиуми повеќето од нив биле постари лица. Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој денеска е во посета на Атина изјави дека службите за вонредни работи биле мобилизирани и порача дека е длабоко трогнат од трагедијата.

XS
SM
MD
LG