Достапни линкови

Прв Aмериканец убиен во борбите против ИД во Ирак


Во специјална операција на американските и ирачките сили на северот на Ирак за ослободување на околу 70 заложници загинал и еден Aмериканец, соопшти Пентагон. Тоа е прв Aмериканец кој загинал во борба во Ирак откако Соединетите Држави покренаа воена кампања против милитантите на Исламската држава во август 2014 година. Во операцијата биле ослободени седумдесетина луѓе, меѓу кои и дваесетина припадници на ирачките безбедносни сили кои требало да бидат егзекутирани. Во акцијата биле убиени неколкумина милитанти.

XS
SM
MD
LG