Достапни линкови

Путин: Асад е подготвен на разговори со опозицијата


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад му рекол оти бил подготвен да разговара со вооружени опозициски групи доколку и тие се подготвени за дијалог и за борба против милитантите на Исламската држава. Ова Путин го изјави ден по посетата на Асад на Москва. Некои западни влади, предводени од Соединетите држави, ги критикуваа руските воздушни напади во Сирија, наведувајќи дека тие биле насочени против опонентите на Асад, главно поддржани од Запад и оти тоа ги зајакнува милитантите на Исламската држава. Путин пак смета дека воената операција во Сирија би можело да создаде услови за почнување преговори за иднината на таа земја.

XS
SM
MD
LG