Достапни линкови

Ѓукановиќ: нема да поднесам оставка


Мило Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ

Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ повтори дека нема да поднесе оставка што е барање на опозицискиот Демократски фронт кој му постави услов на премиерот тоа да го стори до утре.„Ниту јас, ниту владата планираме да поднесеме оставка, бидејќи тоа би било неодговорно спрема граѓаните на Црна Гора кои ни дадоа поддршка на изборите“, изјави Ѓукановиќ за црногорската телевизија. Тој оцени дека суштина на уличните протести на Демократскиот фронт е оспорување на државноста на Црна Гора, нејзината политика и стратешките ориентации за интегрирање во НАТО и Европската унија.

XS
SM
MD
LG