Достапни линкови

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде облачно. Во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од локален дожд, но со послаб интензитет, повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од девет до 13 степени. Во Скопје изутрината ќе има услови за слаб дожд, а преку денот врнежите ќе престанат. Ќе има и сончеви периоди, а ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

XS
SM
MD
LG