Достапни линкови

ЕУ го усвои Договорот за стабилизација и асоцијација со Косово


Претседателката на Косово, Атифете Јахјага

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага

Советот на ЕУ денеска ја усвои Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Косово. Претседателката на Косово, Атифете Јахјага ја поздрави одлуката на членките на ЕУ. Косовскиот министер за европска интеграција Беким Чолаку изјави дека одобрувањето на договорот е историски момент за земјата и отвора нова страница во процесот на нејзината европска интеграција.

Потпишувањето на спогодбата е закажано за 27 октомври во Стразбур. Спогодбата предвидува воспоставување договорени односи меѓу Косово и ЕУ и е прв официјален чекор кон членство на Косово во Унијата.

XS
SM
MD
LG