Достапни линкови

Протести во Грузија за поддршка на телевизија


Протестите за поддршка на телевизијата Рустави два во Грузија.

Протестите за поддршка на телевизијата Рустави два во Грузија.

Во грузискиот главен град Тбилиси денеска се одржа протест на поддржувачи на телевизијата Рустави два. Тие протестираа против правниот процес со кој се става под знак прашалник постоењето на телевизијата.

Судот донесе одлука да се замрзне имотот на телевизијата, која е во приватна сопственост, поради обвинувања дека целата на Рустави два е да биде гласноговорник на Партијата за национално единство на поранешниот претседател Михаил Сакашвили. Демонстрантите пред седиштето на телевизијата обвинија дека властите се мешаат во слободата на медиумите во земјата.

XS
SM
MD
LG