Достапни линкови

Избоден мигрант на границата меѓу Хрватска и Словенија


Словенечката полиција соопшти дека едно лице било избодено во судирот меѓу бегалците кои од Хрватска влегуваат во земјата. Полицијата информира дека инцидентот се случил рано утринава, во близина на граничниот премин Ригонце, при што повредениот бегалец веднаш добил медицинска помош.

Во меѓувреме словенечките власти ја обвинија Хрватска дека нехумано се однесува кон бегалците бидејќи хрватската полиција ги остава на места кои Словенците не ги надгледуваат. Хрватските власти пак соопштија дека ќе побараат меѓународна помош за справување со мигрантската криза.

XS
SM
MD
LG