Достапни линкови

Белели изрази надеж за брз договор на партиите


Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимо Белели

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимо Белели

Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимо Белели денеска изрази загриженост поради непостигнувањето договор меѓу четирите политички партии за отворените прашања од договорот од Пржино. Но, според него, напорите на ЕУ ќе продолжат до конечно спроведување на договорот. Тој изрази и надеж дека за брзо време ќе биде постигнат договор.

Во меѓувреме пратеникот на ДУИ, Артан Груби на денешната средба со британскиот амбасадор Чарлс Гарет изразил уверување дека договорот од Пржино ќе се спроведе и затоа тој смета дека дијалогот треба да го следи, без одлагање, а македонските политички партии мора да покажат поголема одговорност за земјата отколку за себе.

XS
SM
MD
LG