Достапни линкови

Иванов-Мигрантската криза е голем напор за Македонија


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов при денешната посета на прифатниот центар во Гевгелија изјави дека справувањето со мигрантската криза за Македонија претставува голем напор и оптоварување на буџетот. Македонија, според него покажала дека може да се справи со предизвикот. Но, констатира оти земјата се соочува со нова реалност, бидејќи бројот на бегалците наместо да се намалува се зголемува. Тој порача и дека на земјата и е неопходна материјална и финансиска помош посочувајќи дека само безбедносните служби месечно трошат околу милион евра.

XS
SM
MD
LG