Достапни линкови

Нов деловник во битолскиот Совет – ред или цензура?


Совет на Општина Битола.

Совет на Општина Битола.

Правната служба веќе анализирала неколку деловници од други општини и направи верзија на нов деловник. За опозицијата ова е обид да им се ограничи правото на говор.

Советот на Општина Битола ќе носи нов деловник. Ова беше најавено откако деновиве на седница се случи жолчна расправа меѓу советничкото мнозинство и опозицијата. Први, половина час, зборуваа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а за цело време опозиционерите држеа краната рака за на крај да обвинат дека на време не им бил даден збор. Претседателката на Советот демантираше велејќи дека нема уред за електронско пријавување на говорници. Еве дел од атмосферата:

Сегашниот деловник не го ограничува правото на советникот на збор и може еден советник да стане и цел ден да зборува. Носење на нов деловник каде ќе се договориме дали ќе го ограничиме правото на обраќање на советниците, начинот на пријавување на советниците за збор.

Балгој Шклевски (ВМРО-ДПМНЕ):Интересно е тоа што не реагираат советници од СДСС, туку од други партии во коалицијата.

Златко Ќурчуиевски (СДСМ): СДСС?! Објаснете што значи тоа?

Шаклевски : Има во јавноста и околу тоа дилема, дали се работи за СДС Струмица или Скопје Центар.

Наташа Петровска (СДСМ) : Претседателке ако некој од нашите советници вели ДПМНЕ без ВМРО реагирате, а сега не.

Шаклевски (ВМРО-ДПМНЕ) : Ова само да видите колку боли.

Петровска(СДСМ) : Денешната седница е со цел да се замолчи опозицијата. Меѓутоа ви кажуваме дека што и да се обидете нашите раце ќе останат диганти, ако треба пет дена ќе ја држиме седницата.

Ќурчиевски (СДСМ) : Вие зборувате за демократија, а не ми давате право јас да се обратам!

Претседателката на Советот, Силвана Ангелевска, рече дека праведно ги води седниците, но дека е време за промена на стариот деловник од 2005 година кој нема ограничување на минутажата на зборување на советниците.

„Реагирам на тоа што овде се зборува за некакво тоталитарно владеење и недавање на глас. Па дали некој советник до сега не добил право на глас? Такво нешто нема.Тотално допира потребата од носење нов деловник. Сегашниот деловник не го ограничува правото на советникот на збор и може еден советник да стане и цел ден да зборува. Носење на нов деловник каде ќе се договориме дали ќе го ограничиме правото на обраќање на советниците, начинот на пријавување на советниците за збор“, рече Ангеловска.

Правната служба веќе анализирала неколку деловници од други општини и направи верзија на нов деловник за кој претседателката рече дека „се уште не е пуштен во оптег“.

Опозицијата ова го сфати како обид да им се ограничи правото на говор.

„Зар и на тој начин ќе ни го скратите единствениот пат по кој можеме да допреме до јавноста со нашите ставови“, коментираше Наташа Петровска од СДСМ.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG