Достапни линкови

Нападната сириска болница, 12 жртви


Сириската организацијата за човекови права соопшти дека во напад на руските воздушни сили врз сириската северозападна покраина Идлиб била погодена и една болница, при што загинале 12 луѓе. Нападот се случил во градот Сармин, а меѓу жртвите има и еден психијатар и медицинска сестра. Фондацијата во чија надлежност е болницата на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека целта на нападот била болницата, која претрпела големи штети.

XS
SM
MD
LG