Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - за можната изолација виновен е СДСМ


Директорот на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Иво Котевски на прашањето каква е нивната реакција за најавите за сериозен одговор и можна изолација од ЕУ и САД ако пропадне договорот од Пржино одговори дека СДСМ стравува од избори. Колку одговорот е одговор на прашањето просудете сами. Како и да е, тоа не ја менува суштината на проблемот.

„Паниката на СДСМ од соочување со граѓаните добива размери кои партијата веќе не може да ги контролира. Стравот од избори на СДСМ сериозно ги доведува во прашање и највисоките државни интереси. СДСМ е подготвена на секакви апсурдни и ирационални барања кои ќе остават далекусежни последици само за да се испровоцира пролонгирање на изборите. Приоритет е почитувањето на Уставот и законите на РМ. За ВМРО-ДПМНЕ се отворени сите опции во оваа насока.“

Паниката на СДСМ од соочување со граѓаните добива размери кои партијата веќе не може да ги контролира. Стравот од избори на СДСМ сериозно ги доведува во прашање и највисоките државни интереси. СДСМ е подготвена на секакви апсурдни и ирационални барања кои ќе остават далекусежни последици само за да се испровоцира пролонгирање на изборите. Приоритет е почитувањето на Уставот и законите на РМ. За ВМРО-ДПМНЕ се отворени сите опции во оваа насока.
Иво Котевски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е одговорот на директорот на Центарот за комуникации на владејачката партија Иво Котевски на прашањето на Радио Слободна Европа каква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за вчерашниот брифинг Ванхауте на белгискиот олеснувач во разговорите за спроведување на договорот од Пржино Питер Ванхауте, односно конкретно за најавите за сериозен одговор од Европската унија и од Соединетите Американски Држави ако пропадне договорот и за најавите за можна изолација.

Експертите, пак, посочуваат дека цела серија мерки имаат на располагање Брисел и Вашингтон ако дојде до таков исход на настаните.

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европски политики на самата најава од Ванхауте гледа како на одреден вид санкција бидејќи странците досега се воздржувале од ваков тип изјави. Таа објаснува дека Европската унија, Обединетите нации и конкретни држави имаат воспоставено цела низа мерки кои постепено ги спроведуваат кон поединци или држави.

„Европската унија најблаги санкции што може да ги примени се дипломатските, тоа значи одложување на одредени настани, прекинување на средби, на контакти итн. Следното ново на санкции веќе се однесува на востановената соработка меѓу земјите така што може да се суспендираат договорите што ги има Република Македонија во сила со ЕУ, исто така може да се применат трговски санкции па цела листа на финансиски санкции па потоа следуваат многу острите како забрана за летови, рестрикции на прием итн“, вели Ристевска-Јорданова.

Инаку вчера Ванхауте не ја потврди, ниту ја исклучи можноста за замрзнување на сметки и ставање на личности на црни листи, бидејќи тоа се покажало како ефикасен модел во некои земји, споменувајќи ја Белорусија. Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет на Македонија, пак, е убеден дека каква било реакција на меѓународниот фактор први ќе ја почувствувале премиерот и неговите соработници на кои ќе им се ограничеле контактите со унијата. Но тој нагласува дека изолацијата е опасна за државата.

„Па мислам дека тогаш ќе почнат масовни протести може да дојде до дестабилизација, меѓутоа ние сме мала држава и најверојатно тоа ќе може да го контролираат најверојатно ЕУ и САД дотолку за да се ослободат граѓаните и да се постигне еднаш засекогаш демократски развој за граѓаните на Република Македонија “, вели Рамадани, кој сепак е оптимист дека е можно договорот од Пржино да преживее.

И олеснувачот Ванхауте вчера брифираше дека остава уште неколку дена за преговори а ако политичките партии не успееле да ги затворат отворените прашања парламентарните избори договорени за во април немало да се одржат.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG