Достапни линкови

logo-print

Мун не е оптимист за крај на насилствата на Блискиот Исток


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун му понудил на Советот за безбедност песимистички очекувања во врска со решавањето на насилствата меѓу Израелците и Палестинците. Тој му се обратил на Советот на видео конференција зад затворена врата од Аман по средбите со израелските и палестинските лидери за време на неговата ненадејна посета на Блискиот Исток. По конференцијата, дел од учесниците изјавиле дека Бан Ки Мун изјавил оти не бил оптимист и оти не треба да се губи време со цел да се спречат насилствата во кои досега загинале најмалку 47 Палестинци и осум Израелци.

XS
SM
MD
LG