Достапни линкови

Дачиќ за препораката за прием на Косово во УНЕСКО


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод препораката на Извршниот комитет на УНЕСКО Косово да биде примено во членство на оваа организација изјави дека се уште ништо не било готово, бидејќи конечната одлука ја донесува Генералната конференција што ќе се одржи во ноември годинава. Таму, како што рече, е потребно двотретинско мнозинство гласови од 135 земји, од кои 61 ја немаат признато независноста на Косово. Против членство на Косово гласале 14 земји, а меѓу земјите кои го дадоа својот глас „за“ биле и Македонија и Црна Гора.

XS
SM
MD
LG