Достапни линкови

Нуланд во Атина со надеж за решение на спорот за името


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во Атина се сретна со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд. Една од темите за кои разговарала Нуланд во Атина со Коѕиас, но и претходно со премиерот Алексис Ципрас е спорот со името на Македонија. „Со премиерот и со министерот за надворешни работи разговаравме за нашата заедничка надеж да се најде прифатливо решение, за да можеме да го надминеме овој проблем“, изјави Нуланд во Атина. Посетата на Нуланд е во пресрет на престојот на американскиот државен секретар Џон Кери во Атина, што треба да се реализира до крајот на оваа година.

XS
SM
MD
LG