Достапни линкови

Груевски не оди во Брисел поради договорена посета


Премиерот Никола Груевски, Мадрид 21.10.2015.

Премиерот Никола Груевски, Мадрид 21.10.2015.

Прес службата на македонската влада ги демантира наводите на дел од медиумите дека по барање на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, претходно подготвената покана за премиерот Никола Груевски за претстојната средба во Брисел била сменета со покана за претседателот Ѓорге Иванов. Во соопштението се наведува дека премиерот Груевски нема да биде во можност да присуствува на средбата, бидејќи во предвидениот термин тој ќе престојува во претходно договорена и организирана посета на Обединетите Арапски Емирати каде што ќе има средба со високи претставници од политичкиот и економскиот живот на земјата домаќин. На средбата со Јункер, како што се додава, по претходен договор меѓу македонските институции, ќе присуствува шефот на државата Ѓорге Иванов. Во соопштението се наведува и тоа дека премиерот Груевски присуствува и учествува во работата на Конгресот на Европската народна партија во Мадрид. Во вчерашното обраќање пред учесниците тој, како што јавува МИА, истакнал дека Македонија ги живее и работи за европските вредности.

XS
SM
MD
LG