Достапни линкови

Времето денеска: облачно и врнежливо


Во Македонија во текот на целиот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд кои уште во раните утрински часови ќе започнат во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од седум до 13 степени. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

XS
SM
MD
LG