Достапни линкови

logo-print

Бајден нема да се кандидира на претседателските избори


Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека нема да се кандидира за претседател на изборите во наредната година. Тој ја соопшти веста на пресконференција во Белата куќа на која присуствуваа и неговата сопруга Џил и американскиот претседател Барак Обама.

Според него, смртта на неговиот син имала влијание во донесувањето на одлуката, бидејќи тој не бил подготвен за емоционалната жртва која била потребна за претседателска кампања. Поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон, во моментов е водечки кандидат на Демократската партија за изборите.

XS
SM
MD
LG