Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун повика да запре насилството меѓу Израел и Палестина


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика Палестинците и Израелците да запрат со крвопролевањето. Тој порача дека им кажал на двете страни дека не смее повеќе да има убиства. Тој ја даде изјавата по средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во градот Рамалах, откако вчера беше и во изненадна посета на Ерусалим. Во меѓувреме израелските сили убиле еден Палестинец кој прободел војник во вратот. Според полицијата, војникот е во критична состојба.

XS
SM
MD
LG