Достапни линкови

Незири повикува да се најде решение за политичката криза


Шефот на Изборниот штаб на ДУИ и министер за економија Беким Незири

Шефот на Изборниот штаб на ДУИ и министер за економија Беким Незири

Шефот на Изборниот штаб на ДУИ и министер за економија Беким Незири изјави денеска дека е прерано да се оцени дали преговорите за спроведување на договорот од Пржино завршиле успешно или не. Според него, македонските политичари треба да седнат и да изнајдат решение со цел Македонија да излезе од кризата.

Незири во врска со изјавата на пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети во која истакна дека партијата се ниша, тој нагласи дека ДУИ е една од најдемократските парти во Македонија во која секој функционер дава слободни изјави. Незири ја даде изјавата пред доделувањето на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2014 година.

XS
SM
MD
LG