Достапни линкови

logo-print

Ученици од Тетово се интегрираат локално и глобално


Ученици од тетовско стручно средно училиште Моша Пијаде може да се пофалат со многу активности насочени кон таканаречените интегративни процеси односно зближување на различностите. Во рамки на училиштето се одржува заедничка настава на класови со различен наставен јазик, а европските хоризонти ги достигнуваат со соработка со норвешки врсници исто така од повеќе етнички заедници.

Петгодишното искуство со интегрирано образование, односно заедничка настава на ученици од различни наставни јазици тетовското средно стручно училиште Моша Пијаде го надополнува и на европско ниво. Сега учениците и наставниците стекнуваат нови искуства-поточно вештини за организирање медијација, односно помирување помеѓу раскарани ученици, како што тоа се прави во училиштата во Европа. Учествуваат во проект од програмата на Европската унија за образование Ерасмус Плус, со училиштето Кубен од Осло во Норвешка.

Ние сме мултикултурно училиште. Имаме многу решение случаеви на решавање на конфликти во училиштето. Ги учиме да работат како медијатори, да комуницираат искарани ученици со медијатор. Тоа е ново училиште со 12 илјади ученици со 30 до 40 различни националности и малцински групи.

„Сакаме да направиме училишни тимови за медијација каде учениците ќе учествуваат во справувањето со конфликтите. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и во други полиња, но со медијацијата ќе останеме со нашата работа. После март останува ширење на она што сме го научиле во другите училишта, имплементација во нашето училиште“, вели Небојша Трпковски, професор од тетовското училиште.

Норвешкото училиште има слични карактеристики како тетовското.

„Ние сме мултикултурно училиште. Имаме многу решение случаеви на решавање на конфликти во училиштето. Ги учиме да работат како медијатори, да комуницираат искарани ученици со медијатор. Тоа е ново училиште со 12 илјади ученици со 30 до 40 различни националности и малцински групи“, вели професорот Аксел Обрт.

Учениците од двете земји во два наврти се среќаваат во Тетово, а треба да има и посета во Норвешка. Сите истакнуваат дека научиле многу нови работи како во стекнувањето на вештини околу медијацијата, а воедно и за запознавање на различните култури.

„Имаме искуство како да најдеме мирољубиво решение во конфликт кога има несогласување на демократски начин. Учиме како да бидеме единствени и како да ги надминеме малите проблеми наместо да имаме омраза едни кон други. Јас сум со потекло од Авганистан, Норвешка е мојот втор дом сега.“

„Имаме рутина да го отргнеме конфликтот од учениците. Се прави разговор со секој посебно. Ги прашуваме како се чувствуваат околу тоа, што мислат. Нема обвинувања, само си ја кажуваат својата страна од конфликтот. После медијатор ги зближува инволвираните. И се е на слободна волја во спротивно нема да има напредок во надминувањето на ситуацијата.“

„Научивме за нешто за нивната култура, научивме нешто повеќе за нив, се здруживме со нив“, велат учениците од двете земји, инаку сите од четврта година.

XS
SM
MD
LG