Достапни линкови

logo-print

Норвешка ќе враќа мигранти во Русија


Норвешката влада соопшти дека наскоро ќе почне да враќа некои баратели на азил во Русија. Полицијата соопшти дека околу илјада и шестотини сириски и други мигранти пристигнале во Норвешка од Русија. Околу 20 до 30 насто од Сиријците кои се решаваат на оваа рута која е помалку опасна од онаа на Медитеранот, веќе легално живееле во Русија, наведуваат норвешките власти, најавувајќи дека ќе ги враќаат сите оние на кои не им е неопходна заштита. Овие мигранти најчесто ја минуваат границата со велосипеди, бидејќи според руските прописи, луѓето не смеат тоа да го прават пешки.

XS
SM
MD
LG