Достапни линкови

Средношколски марш во Скопје


архивска снимка, Скопје, април 2015.

архивска снимка, Скопје, април 2015.

Средношколците денеска со марш по скопските улици под мотото „Борбата продолжува“ ќе протестираат против, како што наведуваат, лошите реформи во образованието. Маршот ќе стартува кај фонтаната во Градскиот парк, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Учениците преку маршот ќе ги повторат барањата за укинување на екстерното тестирање, а нивниот Средношколски пленум да биде рамноправно вклучен доколку се изготвува нов концепт за полагање државна матура, и за какви било промени поврзани со средношколското образование. Од Пленумот ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестот и истовремено потенцираат дека станува збор за мирен марш на кој се забранува секакво насилно однесување, говор на омраза, истакнување партиски или религиозни симболи.

XS
SM
MD
LG