Достапни линкови

САД со охрабрување за спроведување на договорот од Пржино


„Ги охрабруваме македонските лидери да го надградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементирањето на политичкиот договор од 15-ти јули, кој всушност претставува најдобар начин за излез од кризата и за отворање пат за кредибилни избори во април идната година. Партиите го испуштија клучниот рок да се согласат по сериозни прашања поврзани со формирањето влада, заштитата на таканаречените „свиркачи“ и заштитата на приватноста“. Ова го изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби во врска со политичката криза во Македонија. Во изјавата тој додава: „Македонските лидери во минатиот месец направија важен чекор со назначување на специјалната обвинителка, на која сега треба да и се обезбедат ресурси и персонал што таа одреди дека и се потребни, за да го исполни нејзиниот мандат. Политичките партии не треба да се залагаат да влијаат или да го попречат извршувањето на овие задачи. Се надеваме дека додека работните групи ги продолжуваат разговорите, сите инволвирани страни на прво место ќе ги стават интересите на државата, воедно повторувајќи ја нивната определба за интеграција на Македонија во евроатланските структури“, изјави Џон Кирби.

XS
SM
MD
LG