Достапни линкови

Ванхауте-Партиите да ги затворат отворените прашања


Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте

Белгискиот експерт Питер Ванхауте ги повика политичките партии да ги затворат отворените прашања и што побрзо да го достават изборниот законик до македонскиот Парламент. Тој ја даде изјавата пред почетокот на средбата на работните групи на политичките партии потписнички на договоротод Пржино. Ванхауте кој е вклучен во преговорите порача и дека законот за „бомбите“ треба да биде според меѓународните и европските стандарди. Според него, како ќе изгледа законот допрва ќе се види и за тоа ќе одлучуваат работните групи. Во клубот на пратеници во тек е средбата на работните групи кои преговараат за отворените прашања од договорот од Пржино.

XS
SM
MD
LG