Достапни линкови

Во Русија годинава спречени 20 терористички напади


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека разузнавачките агенти годинава спречиле 20 терористички напади во Русија. Говорејќи на церемонија во Кремљ тој информира и дека биле уапсени 560, а убиени 112 милитанти во Северен Кавказ во разни немири и судири. По говорот на Путин полицијата соопшти и дека притвориле 20 припадници на забранета исламска организација во регионот околу Москва. Според министерството за внатрешни работи тие уништиле ќелија на исламската организација Хизб ут Тахрир.

XS
SM
MD
LG