Достапни линкови

Ирак ја презема контролата врз рафинеријата Баиџи


Борбите кај нафтената рафинерија Баиџи во Ирак.

Борбите кај нафтената рафинерија Баиџи во Ирак.

Ирачките власти соопштија дека нивните сили ја преземале контролата од милитантите на Исламската држава на клучна нафтена рафинерија која се наоѓа северно од Багдад. Генералот Јахја Расул изјави и дека ирачките сили заедно со паравоените сили ја преземале контролата и врз градот Баиџи.

На националната телевизија беа прикажани видеа како војниците вејат ирачки знамиња од покривите на куќите. Милитантите ја освоија рафинеријата и градот за време на нивната офанзива во јуни минатата година.

XS
SM
MD
LG