Достапни линкови

ФИФА не го одлага гласањето за избор на нов претседател


Мишел Платини

Мишел Платини

ФИФА соопшти дека нема да се помести датумот на гласањето за нов претеседател на фудбалската асоцијација и покрај неизвесноста околу кандидатурата на Мишел Платини. Изборниот конгрес, како што напишаа од ФИФА на социјалната мрежа Твитер ќе се одржи во Цирих на 26 февруари кога ќе се донесе одлука кој ќе го замени на функцијата досегашниот претседател Сеп Блатер.

Платини ја поднесе својата кандидатура за функцијата, но таа може да не биде прифатена поради тоа што тој е под истрага за примањето на 2 милиони долари од страна на ФИФА.

XS
SM
MD
LG