Достапни линкови

Косовската опозиција останува на своите барања


Косовската опозиција на средбата со претседателката Атифете Јахјага

Косовската опозиција на средбата со претседателката Атифете Јахјага

Косовската опозиција и по средбата со претседателката Атифете Јахјага остана на барањето за суспензија на сите спогодби со Србија и договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Трите опозициски партии соопштија дека нема да се откажат се додека премиерот Иса Мустафа не ги повлече споменатите спогодби.

Опозицијата во знак на протест деновиве активира солзавец и фрли јајца врз Мустафа во Парламентот. Мустафа изјави дека е решен да ги продолжи преговорите со Србија со посредство на ЕУ и ја обвини опозицијата дека се обидува да дојде на власт на недемократски начин.

XS
SM
MD
LG