Достапни линкови

Словенија ја вклучува војската во справувањето со мигрантската криза


Словенечката војска и полиција на границата со Хрватска.

Словенечката војска и полиција на границата со Хрватска.

Словенечката влада предложи закон со кој ќе и се овозможи на војската да и помогне на полицијата во справување со приливот на мигранти кои влегуваат во земјата од соседна Хрватска. Предлог законот се очекува денеска попладне да биде усвоен во Парламентот.

Словенечката полиција синоќа на граничен премин со Хрватска се судри со група мигранти кои се обиделе да ја пробијат оградата за да влезат во земјата. Притоа словенечката полиција употребила палки и солзавец за да ги спречи да стигнат до автобусот кој бил на словенечката страна од границата. Претходно, Хрватска повторно ја отвори границата со Србија пропуштајќи повеќе илјади мигранти кои таму беа заглавени речиси два дена.

XS
SM
MD
LG