Достапни линкови

Бан Ки Мун во изненадна посета на Израел и Палестина


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун од денеска е во дводневна посета на Израел и палестинските територии поради пораст на насилството во двете земји. Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки за локалните медиуми изјави дека Бан Ки Мун ќе се сретне и со плаестинските и со израелските лидери.

Шефот на ОН објави видео порака пред посетата повикувајќи ги двете страни на смиреност. Тој порача дека ја разбира фрустрацијата на Палестинците. Но, според него насилството само ќе им наштети на нивните легитимни аспирации.

XS
SM
MD
LG