Достапни линкови

logo-print

Охридско Езеро ќе куртули од климатските промени?


Езерото нема да покаже некои посериозни знаци на промена и ќе остане прекрасно како што е, вели професор Ордан Чукалиев.

Климатските промени можат да влијаат и врз Охридското Езеро, но тоа нема да покаже некои посериозни знаци на промени, сметаат експертите. Професорот на факултетот за земјоделски науки и храна, Ордан Чукалиев, вели дека Охридското Eзеро е еден од најголемите базени на слатка вода.

Македонија нема да биде исклучок, бидејки се наоѓа во една неповолна климатска зона каде не може да биде исклучок.

„Бидејќи има поголема инсолација и повисоки температури претпоставувам дека ќе дојде до зголемување на фитопланктонот. Јас не сум некој биолог, но водата ќе стане потопла и очекуваме некоја поголема продуктивност. Меѓутоа тој е еден прекрасен воден базен кој издржал многу други работи и претпоставувам дека климатиските промени, барем во овој рок кој ние го испитуваме, а нас не интересира блиската иднина, ние работиме на рок 2030-2050 година и сметам дека езерото нема да покаже некои посериозни знаци на промена и ќе остане прекрасно како што е“, вели Чукалиев.

Професорот на факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски, вели дека тие ќе ги понудат своите знаења и капацитети на државните институции со цел полесно справување со климатските промени.

„Земјоделството силно ќе биде погодено од климатските промени, но не само земјоделството, целиот жив свет и целата природа во која и тие природни ресурси, земјиштето и водите ќе бидат на некој начин на удар од она што се очекува и кои се проекциите за тие климатски промени. Македонија нема да биде исклучок, бидејки се наоѓа во една неповолна климатска зона каде не може да биде исклучок“, вели Димитриевски.

Климатиските промени со себе носат зголемување и на температурите, вели Чукалиев. Според него сите култури подеднакво ќе бидат зафатени од климатските промени.

„Ќе не очекуваат поинтензивни врнежи меѓутоа вкупната сума ќе биде најверојатно помало.Тоа кажува дека условите за одгледување на земјоделските култури во Македонија ќе се променат. Очекуваме дека културите ќе бидат повеќе зафатени пред сė од суша бидејки зголемената температура значи и поголема количина за културата. Второ ќе имаме и малку намалени врнежи и ќе доаѓаат во лош распоред. Ние мора да почнеме да се справуваме со проблемот на климатски промени“, рече Чукалиев.

За климатските промени во Охрид се разговараше на меѓународен симпозиум за земјоделство и храна.

XS
SM
MD
LG