Достапни линкови

Превработеност во битолското образование


Совет на Општина Битола.

Совет на Општина Битола.

Битолската опозиција обвинува дека власта измислува фиктивни часови за да ги ухлеби партиските војници во образованието. Власта прашува дали СДСМ се спрема „да јаде живи луѓе“.

Бурна дискусија се разви во битолскиот совет околу состојбите во образованието. Опозицијата обвини за превработеност со партиски кадри и прикажување на фиктивни часови за да се дојде до решение за работа.

Има ситуација во училиште каде наставник по техничко образование со неопределено работно време добива дел од часовите, се вработува наставник со определено работно време, зема дел од часовите по техничко образование, а оној со неопределено остатокот од работното време го обавува со активности во библиотека, во училиште каде по систематизација има двајца библиотекари.

„Имате четворица сменоводители во училиште каде има директор, еден заменик директор со цело работно места, еден заменик директор со половина работно време и четворица сменоводители. Јас не знам што прават во училиштето. Имаме професор кој останува со недостиг на часови по македонски јазик, а му даваат пет часа да надополни како сменоводител. Значи, зборуваме за фиктивни часови“, изјави Наташа Петровска, советничка од СДСМ.

Таа вели дека практичната настава се дели во групи од по тројца или четворица ученици за да се исполни фондот на часови.

„Има ситуација во училиште каде наставник по техничко образование со неопределено работно време добива дел од часовите, се вработува наставник со определено работно време, зема дел од часовите по техничко образование, а оној со неопределено остатокот од работното време го обавува со активности во библиотека, во училиште каде по систематизација има двајца библиотекари. И тука е работата луѓе полна, веќе нема место“, рече Петровска.

Од советничкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека советниците од опозицијата ја злоупотребиле својата функција и ги испитувале директорите на училиштата за вработениот кадар.

„Претставниците од опозицијата буквално училиште по училиште, испитувајќи ги како на испитна клупа на специјален обвинител, ги прашуваа директорите колку вработени имаат, кој вработен со каков договор е, колку часови има, колку бројот стручните служби. Прашањето и стравот кај директорите и вработените во училиштата е – се подготвувате да јадете живи луѓе? Затоа правите попис на вработените во образование како божем ќе победите, па барате празни места во училиштата“, рече Благоја Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашите дискусии нема да речат дека има пренатрупаност на наставниот кадар, туку дека оваа влада успешно се справува со невработената, со бројка која за првпат во годините наназад носи рекордни шест цифри“, рече советничката Виолета Ковачевиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG