Достапни линкови

НАТО - Сега е поопасно од Студената војна


НАТО: сега е поопасно од Студената војна
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

НАТО: сега е поопасно од Студената војна

НАТО и сојузниците ги започнаа најголемите воени вежби во изминатата над една деценија. За место на одржувањето на маневрите е избран централниот дел на Медитеранот со главна намера да ја покажат нивната сила пред заканите од растечкото руско воено присуство од Балтикот до Сирија.

И додека авионите ја надлетуваа церемонијата за воените и политичките лидери на НАТО во базата Трапани, јужна Италија, руската воена преродба беше во центарот на загриженоста, присилувајќи ја Алијансата да врши најголема модернизација од Студената војна.

„Последен пат кога НАТО регуларно одржа вежби со ваква големина, ние бевме во центарот на Студената војна соочувајќи со советските закани“, изјави заменик генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу, додавајќи:

„Сега имаме многу понестабилна и потенцијално поопасна ситуација. На исток Русија илегално го анектира Крим, продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина и сега се чини влезе во војната во Сирија, цврсто на страната на претседателот Башар ал Асад. На нашиот југ од Сирија до Либија пропаднатите држави ја отворија вратата за екстремистички и терористички групи кои сакаат да го исполнат вакуумот“, рече тој.

Сега имаме многу понестабилна и потенцијално поопасна ситуација. На исток Русија илегално го анектира Крим, продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина и сега се чини влезе во војната во Сирија, цврсто на страната на претседателот Башар ал Асад.
Александар Вершбоу, заменик генерален секретар на НАТО.

Она што како сенка се надвива над вежбите на кои во наредниве пет недели ќе учествуваат околу 36 илјади војници е прашањето за тоа колку растечкото воено присуство на Русија од Балтикот до Сирија може да ја ограничи способноста на НАТО да се движи наоколу по море и воздух.

Од руската поморска база во Калининград, преку Црното Море и анектираниот Крим, до интервенцијата на Москва во Сирија, Русија има стациониранопротив воздушни и други проектили кои можат да покријат големи области.

„Многу сме загрижени од руското воено зајакнување. Повеќемина експерти зборуваат за тоа дека треба да се формира зона за одбивање на опасностите од Русија“, рече Вершбоу.

Сепак, некои официјални претставници на НАТО сметаат дека Алијансата би требало да биде поагилна во одбраната и заштитатаи надвор од границите на нејзините членки, факт што беше нагласен по распадот на Либија и по појавата на милитантите на Исламската држава во Сирија.

Главниот командант на НАТО генерал Филип Бридлав оцени дека токму сегашните маневри ќе испратат јасна порака до агресорите.

„Секој обид да се наруши суверенитетот на една нација во НАТО ќе резултира со одлучувачки воен ангажман од сите 28 сојузнички држави, рече тој, наведувајќи дека Алијансата е фокусирана врз одбранбени мерки.

По повеќе од една декада од операциите на НАТО во Авганистан, предводени од Соединетите Држави, Алијансата сега се менува со цел да ја брани нејзината територија. Како клучен дел од тоа се гледа на контролата на надворешните региони.

Колапсот на Либија, подемот на групата Исламска држава, граѓанската војна во Сирија и неуспехот на Европската унија да го стабилизира нејзиното јужно соседството сега исто така станаа проблеми на НАТО, велат експертите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG