Достапни линкови

Разговори на Јахјага за решавање на кризата на Косово


Претседателот на Косово Атифете Јахјага се сретна со политичките лидери во обид да биде решен спорот во врска со договорите на владата со Србија и Црна Гора. Опозицијата бара од владата да се повлече од договорот со Србија за поголеми овластувања на Србите во средините каде што се мнозинство на Косово и од договорот со Црна Гора за демаркација на заедничката граница. Опозицијата во знак на протест деновиве активира солзавец и фрли јајца врз косовскиот премиер Иса Мустафа во Парламентот. Мустафа изјави дека е решен да ги продолжи преговорите со Србија со посредство на ЕУ и ја обвини опозицијата дека се обидува да дојде на власт на недемократски начин.

XS
SM
MD
LG