Достапни линкови

Започна средбата на Хан со политичките лидери


Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан

Започна средбата на лидерите на политичките партии потписници на договорот од Пржино со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во резиденцијата на ЕУ. Претходно во резиденцијата во Пржино, Хан имаше одделни средби со лидерите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, односно Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Хашим Тачи. На средбата ќе присуствуваат и белгискиот посредник во преговорите Питер Ванхауте и американскиот амбасадор во Макеоднија, Џес Бејли.

Се очекува да се разговора за расчистување на проблемите кои настанаа околу именувањето на тимот на специјалниот обвинител како и гаранциите дека работата на ова институција нема да биде опструирана во иднина. Хан ќе инсистира и на почитување на роковите за измените во изборниот законик како и именувањата на новите министри и заменици министри во владата.

XS
SM
MD
LG