Достапни линкови

Вершбоу-Вежбите доказ за подготвеноста на НАТО


Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу

Заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу изјави денеска дека тридневните воени вежби ќе демонстрираат дека НАТО може да соочи со секакви предизвици. Говорејќи за време на церемонијата во италијанскиот град Трапани тој порача и дека геополитичката ситуација сега е многу понестабилна од претходниот пат кога биле извршени воени вежби од таков вид за врeме на студената војна.

Вежбите кои се оценуваат како најголеми од 2002 година ќе се извршуваат во Шпанија, Италија и Португалија. Во вежбите кои ќе се одвиваат во воздух, копно и море ќе учествуваат 36 илјади војници. На вежбите се поканети да учествуваат или да бидат гости и земји кои не се членки на НАТО. Русија е поканета да ги надгледува маневрите.

XS
SM
MD
LG