Достапни линкови

logo-print

Словенија го блокира влезот на мигрантите


Словенечките власти соопштија дека на околу 1000 мигранти не им бил дозволен влез во земјата од соседна Хрватска откако дневната квота била исполнета. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Бојан Кител изјави дека воз со околу 1800 мигранти пристигнал синоќа, но само на 500 од нив им бил дозволен влез во Словенија.

Хрватска побара од Словенија дневно да прифаќа по 5000 мигранти. Но, Словенија соопшти дека низ земјата може да транзитираат двојно помалку мигранти. Агенцијата за беглаци на ОН соопшти дека повеќе од 10 илјади мигранти во моментов се наоѓаат во Србија.

XS
SM
MD
LG