Достапни линкови

Пиштолот на Мијалков – најкоментирана тема


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Приведувањето на екс директорот на УБК Сашо Мијалков на белградскиот аеродром затоа што во багажот му бил пронајден пиштол, предизвика низа прашања на јавноста.

„Само ти си за работничката класа, дај боже еден ден да бидеш на власт па и работниците кои работат во приватните компании да видат бел ден“ - гласи постот на Борче Јаневски на Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа во врска со нашето неделно интервју на Марјанчо Николов од СДСМ, инаку претседател на собраниската комисија за финансирање и буџет, кој смета дека буџетот за наредната година, за кој е во тек расправа во собраниските тела е неразвоен и нереален.

Оти по грешка не зел морков?

Минатонеделното, пак, интервју на вицепремиерот Бесими во кое предупредува дека доколку не се испочитува договореното во Пржино постои опасност Македонија да не добие препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ, го предизвикало Зоран-Ср од Струмица да си го каже својот став на нашата веб-страница: тој смета дека ЕУ не ја сака Македонија и дека Европјаните секогаш ќе најдат причина за да не нè примеле во Унијата.

Инаку, приведувањето на екс директорот на УБК Сашо Мијалков на белградскиот аеродром затоа што во багажот му бил пронајден пиштол, предизвика низа прашања на јавноста и на опозицијата - најчестото е како Мијалков ја поминал контролата на скопскиот аеродром. Ванчо Вранишковски на Фејсбук прашува дали рентгенот на аеродромот не работел кога поминувал Мијалков, а Ернел Дураковски се смее и вели дека Мијалков погрешил и наместо провизија зел пиштол. Бобан Донев, пак, прашува: „Оти по грешка не зел морков?“ Ленче Илиоска му порачува да не мавтосува повеќе оти „тие игри веќе не му палат“. Бојан Давидовски прашува: „Порке, бе бате Саше, порке?“, а Ернел Дураковски му одговара: „Порке има страв од тоа што га стори у Диво насеље... светот знае што сторија овај и Јанкулоска“.

Голема врева кренаа ВМРО-ДПМНЕ и провладините медиуми за престојот на лидерот на СДСМ Заев во Израел. Го поставуваат прашањето за што разговарал и со кого се сретнал Заев во Тел Авив, а Доли Патон на нашата Фејсбук страница коментирала: „ВМРО прашува зашто им е страв. Да не разговарал со некој што има информации за нешто што паторот не сакал да се дознае за да продолжи да си ги лаже овците што му веруваат...“ Души Кадриу постирал: „На кого му е валкан задникот ќе прашува“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG