Достапни линкови

Седумте специјални обвинители не дадоа заклетва


Советот на јавни обвинители ќе го разгледа барањето на министерот за правда за дополнување на тимот на специјалниот јавен обвинител со неизбраните седумина обвинители доколку тоа од нив со допис го побара Катица Јанева. Ова го изјави претседателот на Советот Петар Аневски по неоддржувањето на седницата за свечена заклетва на веќе избраните седумина обвнители од тимот на Јанева. Тој додаде дека ако таа го достави денеска дописот, уште на утрешната седница ќе го разгледаат барањето.

Аневски не потврди дали по барањето на четирите политички партии ќе ги изберат сите обвнители, туку посочи дека ќе го разгледуваат барањето и на седница ќе одлучуваат со мнозинство гласови. Аневски истакна дека не гледа причина да поднесе оставка доколку бидат избрани седумината обвнители, затоа што тоа се коси со неговата претходна одлука.

XS
SM
MD
LG