Достапни линкови

Сите блокади на политичкиот договор од Пржино се очекувани. Нема веќе наивни ни меѓу странците. Сепак, можна ли е дестабилизација од страна на оние на кои не им одговара политичка и правна разрешница на македонската криза.

„Сашо Мијалков не е веќе шеф на Македонската тајна полиција и прашање е дали ќе се фокусира врз неговиот не баш транспарентен бизнис во Чешката Република или ќе остане во родната Македонија“.

Во Чешка е актуелна темата за поврзаноста на компании од Чешка со земјите од таканаречениот даночен рај. Една од фирмите поврзана со Мијалков, според истражувањето, има регистрирано седиште во Белизе.

Оваа дилема на Зузана Пиптова - Врабчев е се поактуелна по сите случки околу дипломатскиот пасош и заборавениот пиштол, кој на екс шефот на УБК Сашо Мијалков, му го откри српската полиција при неговото пропатување на белградскиот аеродром. Всушност, станува збор за заклучок на балканистката од бугарско потекло Пиптова - Врабчев во написот за веб страницата Лидовки.цз, наречен „Македонија, балканско јаболко на раздорот - пипалата на антивладините протести стигаат до Чешка“, во која, таа ја анализира македонската криза преку ликот и делото на Сашо Мијалков.

Бидејќи текстот е напишан на чешки јазик и за чешка публика, само да се појасни дека во голем дел авторот се осврнува врз, како што вели, милионскиот имот, становите, фирмите и бизнисите на Мијалкови, како и нивните врски во Чешката Република или, пред се, во Прага. Всушност, таа се повикува на истражувањето што за OCCRP (Истражувачкиот проект за организиран криминал и корупција) го направија новинарката на македонскиот веб портал Нова.тв, Сашка Цветковска и Павла Холцова од Чешкиот Центар за Истражувачко новинарство.

Во Чешка е актуелна темата за поврзаноста на компании од Чешка со земјите од таканаречениот даночен рај. Една од фирмите поврзана со Мијалков, според истражувањето, има регистрирано седиште во Белизе.

Радио Слободна Европа пред неколку месеци упати прашање до Чешката полиција дали за бизнисите на бившиот шеф на македонската УБК Сашо Мијалков во Чешка се води некаква истрага. Одговорот гласеше дека чешката полиција согласно законот, не дава информации за какви било евентуални предистражни постапки. Со други зборови, пресумпција на невиност, која за жал во Македонија е прекршена безброј пати токму за време на владеењето на Никола Груевски, првиот братучед на Сашо Мијалков.

Кумановските крвави настани, наводно, пак, довеле до тоа странските служби сериозно да се заинтересираат за активностите на Мијалков.

„Иднината, може да стигне и побргу од што мислиме“, вели Пиптова - Врабчев, алудирајќи на тоа дека Мијалков навистина може постојано да престојува во Чешка, каде што има дозвола за постојан престој.

Но, дали Чешка ќе биде изборот знае само тој. Се повеќе имено владее убеденост дека крајот на владеењето на оваа гарнитура се ближи. А пред крај е секогаш најтешко.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG