Достапни линкови

logo-print

Најголеми вежби на НАТО од 2002 година


НАТО денеска почнува тринеделни воени вежби во Шпанија, Италија и Португалија кои се оценуваат како најголеми од 2002 година. Во вежбите кои ќе се одвиваат во воздух, копно и море ќе учествуваат 36 илјади војници. На вежбите се поканети да учествуваат или да бидат гости и земји кои не се членки на НАТО. Русија е поканета да ги надгледува маневрите.

XS
SM
MD
LG