Достапни линкови

Меркел со поддршка на Турција на патот кон ЕУ


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел и понуди поддршка на Турција за побрз напредок во нејзините напори за влез во Европската унија во замена за поголема соработка на Анкара во запирањето на бранот мигранти. Говорејќи во Истанбул на заедничката прес конференција со премиерот Ахмед Давутоглу, Меркел понуди олеснување на визниот режим и финансиска помош. „Ниту една земја не може сама да се справи со бегалците“, изјави таа. Од своја страна Давутоглу наведе дека решение за проблемот би било формирање безбедни зони во Сирија.

XS
SM
MD
LG