Достапни линкови

Австрија не може да прима мигранти од Словенија


Австрија ја информира Словенија дека веќе не може да прима мигранти кои Словенија ги упатува во таа земја. Се прецизира дека Австрија имала проблем со сместувањето и снабдувањето на мигрантите. Претходно и Словенија предупреди дека не може да прифати неограничен број мигранти и бегалци. Притоа Љубљана побара од Хрватска, Србија и Македонија да преземат чекори за забавување на мигрантскиот бран. По затворањето на унгарската граница кон Хрватска, мигрантите и бегалците на патот кон богатите западно европски земји се упатија кон Словенија.

XS
SM
MD
LG