Достапни линкови

logo-print

Во Подгорица по протестот на опозицијата, мирно


Подгорица

Подгорица

Во синоќешните демонстрации на црногорскиот опозициски Демократски фронт во Подгорица потешко бил ранет еден полицаец кој со камен бил погоден во глава, додека петмина други полицајци биле полесно повредени. Во текот на протестот во кој учествуваа неколку илјади луѓе биле оштетени неколку објекти и возила, соопшти полицијата. Демократскиот форум побара до сабота 24 октомври, владата да поднесе оставка и да биде формирана преодна. Во спротивно е најавен голем протест во Подгорица. По повод повеќедневните протести заседаваше и Советот за национална безбедност кој оцени дека полицијата интервенирала поради незаконско однесување на демонстрантите кои и се спротивставиле на полицијата.

XS
SM
MD
LG