Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: За што разговарал и со кого се сретнал Заев во Израел?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Изјавата на Амбасадорот на државата Израел во врска со посетата на Зоран Заев, дека според негови сознанија немало средба со шефот на Мосад, е втор сериозен демант во овие три дена, по првиот во кој беше нагласено дека на куртоазните средби на Заев во Израел воопшто не било разговарано ниту за безбедносни, ниту за финансиски прашања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Според партијата, Заев ѝ нанесе голем срам на Република Македонија и креираше невиден меѓународен дипломатски скандал и преседан, а СДСМ нема храброст да ја признае неговата неодговорност и незрелост.

„Молкот во врска со демантите од Израел е јасен сигнал дека СДСМ потврдува дека ниту нивниот лидер се сретнал со шефот на Мосад, ниту било разговарано за внатрешни прашања во Македонија, безбедносни или финансиски. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на одговор бидејќи граѓаните на двете држави го заслужуваат тоа“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG