Достапни линкови

Бајден - Верските слободи нè бранат од насилниот екстремизам


Американскиот потпретседател Џо Бајден.

Американскиот потпретседател Џо Бајден.

Американскиот потпретседател Џо Бајден рече дела почитувањето на верските слободи е морален императив кој го брани општеството од насилниот екстремизам. Бајден вчера во Њујорк ја прими наградата за човекови права Атинагора. Тоа е највисоката награда што се доделува од Грчката православна црква. Бајден рече дека организациите како Ал Каеда или Исламска држава го первертирале исламот за да ги оправдаат ужасните злосторства. Тој изјави дека религиозните вредности се целосно усогласени со граѓанските вредности на САД. Бајден не коментираше за негово можно вклучување во трката за наредните претседателски избори. Еден од неговите советници рече дека одлуката ќе ја донесе во скора иднина.

XS
SM
MD
LG