Достапни линкови

Турската полиција уапси околу 50 странски приврзаници на ИД


Илустрација.

Илустрација.

Турската полиција рано утринава уапси околу 50 странски државјани во Истанбул, под сомнеж дека се приврзаници на организацијата Исламска држава (ИД), за која се претпоставува дека е одговорна за минатонеделниот бомбашки напад во Анкара, во кој беа убиени 102 лица.

Претресот е извршен во неколку станови во населбата Пендик, на азискиот дел од Истанбул, но не се соопштува од која националност се приведените.

Уапсените лица се подготвувале да патуваат во Ирак и Сирија за да се вклучат во борбите.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу тврди дека ИД е главно осомничена за самоубиствениот бомбашки напад во Анкара на 10 октомври, кој се смета за најсмртоносен во поновата историја на земјата.

Истовремено, овој напад предизвика голема политичка тензија во Турција пред одржувањето на предвремените избори во државата на 1 ноември.

XS
SM
MD
LG